18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоп Ацев четврти на маратонот во Аргентина

Поп Ацев четврти на маратонот во Аргентина

pop acev 24

Македонскиот репрезентативец во маратонско пливање, Евгениј Поп Ацев, го освои четвртото место на маратонската трка во Аргентина со која започна новата натпреварувачка сезона.

Поп Ацев, 25-километарската трка од Вила Ургуиза до Парана, ја заврши зад победникот Марио Санцуло од Италија, неговиот сонародник Симоне Ерколи и Александар Стуџински од Германија.

Четвртото место му донесе 500 долари и седум бодови во редоследот на ФИНА во Гран при серијата.

На трката од Вила Ургуиза до Парана учествуваше и Александар Илиевски кој на целта стигна како 12-ти.

Оваа сезона во гран при серијата на ФИНА ќе се пливаат уште пет трки: на 25-ти април Канкун (Мексико), на 25-ти јули Сен Жан (Канада), на 1-ви август Магог (Канада), на 29-ти август Охрид (Македонија) и на 6-ти септември Капри-Наполи (Италија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП