26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm плаќа казна од една милијарда долари

Qualcomm плаќа казна од една милијарда долари

Qualcomm2222

Се очекува „Qualcomm“ да и плати на Кина рекордна парична казна од околу 1 милијарда долари, со што ќе се прекине 14-месечната државна истрага за анти-конкурентни практики.

Американскиот производител на чипови и регулаторот постигнале сериозен напредок за време на разговорите минатата недела, пишува „Ројтерс“.

Трансакцијата, која исто така може да го намали нивото на патентните права за Кина на „Qualcomm“ за околу една третина, може да биде прогласена уште во понеделник, изјави извор запознаен со ситуацијата.

Разговорите во Пекинг за еден од најконтроверзните случаи во кинескиот анти-монополски закон од 2008-ма година се засилија во последните недели.

Казната на „Qualcomm“ би била најголемата платена од некоја компанија во Кина. Се очекува, исто така, компанијата да се согласи да поднесе промени во лиценцата практика, но не се очекува тие да го променат нивниот бизнис модел.

За фискалната година која заврши на 28-ми септември, „Qualcomm“ направи речиси половина од светскиот приход од 26.5 милијарди долари во Кина. Голем дел од профитот дојде од надоместоците за правата со повисока маргина заработени од одделот  на компанијата за лиценцирање.

„Qualcomm“ исто така се обидува да го продлабочи своето присуство на кинескиот пазар со пренесување на технологија и инвестирање во корисници на чипови од следната генерација. Во јули компанијата соопшти дека ќе соработува на „Semiconductor Manufacturing International“, голем кинески производител на чипови за производство на процесорите „Snapdragon“.

Компанијата исто така планира да инвестира до 150 милиони долари во кинески старт-ап, за да помогне во развојот на мобилната технологија за интернет, онлајн трговија, полупроводници, образованието и здравството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП