2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКафето може да го намали ризикот од рак на матката

Кафето може да го намали ризикот од рак на матката

Happy woman having coffee looking away in thought

Жените кои консумираат кафе сега имаат и здравствена оправданост за оваа навика, сугерира истражувањето кое покажува дека жените коишто испиваат четири шолји кафе дневно може да го намалат ризикот од рак на матката за 18 отсто.

Тимот научници од Лондонскиот колеџ предводени од Мелиса Мерит ги истражувал податоците на повеќе од 450.000 жени, и утврдиле притоа дека 2.800 жени заболеле од ендометријален рак, пишува научното списание Diabetes insider.

Медицинските стручњаци ги проучувал прехранбените навики на испитаничките и утврдил дека оние коишто консумирале најмалку четири кафиња дневно имале помал ризик од појавата на рак на матката, за дури 18 отсто.

Во рамките на истражувањето било испитувано влијанието на 83 видови јадења и пијалаци, но намалување на ризикот од рак е воочен единствено во случајот на консумирање кофеин. Имено, кафето влијае врз лачењето на естроген.

Според Американското здружение за борба против канцерот, жените се изложени на ризикот од развојот на ендометријалениот рак кога прозиведуваат на повеќе естроген отколку прогестерон, што создава хормонална нерамнотежа. Кафето е богато со антиоксиданси и ги спречува оштетувањата на клетките, намалувајќи го така ризикот од рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП