16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Ивановиќ е најдобрата инвестиција на Челзи

Мурињо: Ивановиќ е најдобрата инвестиција на Челзи

ivanovic murinjo

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Жозе Мурињо, рекол дека трансферот на Бранислав Ивановиќ е веројатно најдобриот во историјата на клубот. Десниот бек, во саботата, со брилијантен гол му донесе победа на Челзи против Астон Вила (2:1).

Мурињо ја истакнал храброста на Ивановиќ, велејќи дека тој игра дури и кога е повреден.

„Тој е извонредно момче, она што го прави е неверојатно. Беше повреден против Ливерпул, но го одигра целиот натпревар. Потоа играше против Сити, па играше и во саботата. Фантастична храброст. Дали е тој едно од најдобрите засилувања на овој клуб? Мислам дека е. Дојде во клубот веднаш по моето заминување и има фантастичен придонес за екипата. Тој е натпреварувачко животно со големо срце. Секој напаѓач би бил горд да постигне таков гол. Нашиот клуб не би можел да направи ништо без играчи какви што се тој Тери и Кејхил. Секоја екипа треба да има уметник каков што е Азар, но и дефанзивец како што е Бранислав. Со комбинација на тие таленти се прави голем тим“, рекол Мурињо.

Ивановиќ во Челзи пристигна во 2008-ма година од Локомотив Москва, за „сините“ има одиграно 301 натпревар и постигнато 29 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП