2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта загуби во Мемфис, скромен учинок на Антиќ

Атланта загуби во Мемфис, скромен учинок на Антиќ

nba 222

Кошаркарите на Атланта го забележаа десеттиот пораз во НБА шампионатот откако во Мемфис загубија од домашниот тим со 94:88. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот победи забележаа Индијана, Оклахома, Торонто, Чикаго, Минесота, Портланд и Сакраменто.

Атланта по поразот во Мемфис има скор од 42 победи и 10 порази, додека Мемфис има скор 38-13. Играчите на Мемфис натпреварот го решија со серијата од 8:0 во последните три ипол минути.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше скромен ефект за нешто повеќе од 15 минути колку што мина на теренот. Антиќ мечот го заврши со два поени и два скока.

Џеф Тиг ја предводеше Атланта со 22 поени, но за разлика од него потфрли центарскиот двоец Милсап-Хорфорд. Овие двајца заедно постигнаа само 10 поени.

Мајк Конли беше најефикасниот играч на Мемфис со 21 поен, додека центрите на овој тим имаа двоен ефект: Марк Гасол (16 поени, 10 скока) и Зак Рендолф (11 поени, 15 скока).

Оклахома ја забележа најубедливата победа 131:108 против ЛА Клиепрс, во чии редови не настапи повредениот Блејк Грифин. Кевин Дурент со 29 поени ја предводеше Оклахома, додека Крис Пол кај Клиперси имаше учинок од 18 поени и 13 асистенции.

Џејмс Харден постигна 45 поени, кои не беа доволни Хјустон да го избегне поразот од Портланд (98:109). Неговиот учинок на спотивната страна го неутрализираа Ламаркус Олдриџ (24 поени) и Демијан Лилард (23 поени).

На другите натпревари: Кливленд славеше против ЛА Лејкерс (120:105), Минесота победи во Детроит (85:83), Чикаго минимално славеше во Орландо (98:97), Торонто го совлада Сан Антонио (87:82), а Феникс победи во Сакраменто (85:83).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП