8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХиршер го освои златото во суперкомбинација

Хиршер го освои златото во суперкомбинација

S

Австриецот Марсел Хиршер го освои златниот медал во суперкомбинација на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во Вејл и Бивер Крик. Хиршер до својата втора титула светски првак дојде со вкупно време од 2:26.10 минути.

Австриецот беше 30-ти по спуст трката, но доминираше во слаломската трка и на својата земја и го донесе третиот златен медал на Мундијалот.

Второто место и сребрениот медал му припадна на Норвежанецот Кјетил Јансурд кој имаше за 19 стотинки послабо време од Хиршер, додека бранителот на титулата Американецот Тед Лигети го освои бронзениот медал.

Хиршер, кој е актуелен победник во Светскиот куп, својата прва титула ја освои во слалом на СП во 2013 година. До крајот на СП тој ќе има можност да ја одбрани титулата во слалом, но и да се бори за медал во велеслаломската трка.

Инаку Австрија во досегашниот тек од СП има освоено три златни медали, покрај Хиршер златни медали веќе освоија Ана Фенингер и Ханес Рајхелт во трките во супервелеслалом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП