27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Слоновите“ ја покорија Африка

„Слоновите“ ја покорија Африка

CIV_201528232329

Фудбалерите на Брегот на Слонова коска ја освоија титулата на Купот на Африка, откако по голема борба и подоброто изведување на пенали ја совладаа Гана со 9:8. Натпреварот по 120 минути игра заврши без голови.

Херој на „Слоновите“ е голманот Бубакар Бари кој го постигна одлучувачкиот гол откако претходно му го одбрани пеналот на колегата од Гана Разак.

„Слоновите“ ја освоија првата титула во Купот на Африка по пауза од 23 години, а интересно и тогаш во финалето на пенали ја победија Гана и тоа со резултат 11:10.

Селекторот на Брегот на Слонова коска, Ерве Ренар ја освои втората своја титула, откако пред три години ја предводеше Замбија до пехарот, интересно во финалето тогаш на пенали Замбија ја совлада репрезентацијата на БСК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП