Фудбалерите на Тотенхем забележаа победа во дербито на северен Лондон, откако во 24.коло во Премиерлигата славеа над Арсенал со 2:1.
Тотенхем во дербито беше многу подбар ривал и на крајот иако имаше негатива, благодарение на извонредниот Хари Кејн забележа победа.
На гостите не им помогна ниту одличниот голаман Оспина кој имаше шест успешни интервенции и кој на самиот почеток се повреди откако одбрани еден удар на Кејн.
Месут Езил по асистенцијата на Жиру уште во 11.минута му донесе предност на Арсенал, додека Кејн и Тотенхем пресвртот го направија во вториот дел кога одличниот напаѓач го совлада Оспина во 56. и 86.минута.
Со оваа победа Тотенхем на табелата ги прескокна Саутемптон и Арсенал и со 43 бода се наоѓа на четвртата позиција.