4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАкадемијата на РК Металург работи со исто темпо

Академијата на РК Металург работи со исто темпо

akademije

Последните случувања во Металург ги подгреаа стравувањата и околу опстанокот на еден од најважните сегменти од работењето на клубот, неговата Академија.

Директорот на Академијата, Тони Ристевски, во изјава за официјалната интернет сраница на клубот вели дека таа продолжи да работи со истото темпо и со истиот успех.

“Одговорно тврдам дека нашата работа во Академијата Металург продолжува со истото темпо, а предвидувам дека активностите дури и ќе се зголемат. Важноста на овој сегмент од работењето на РК Металург е преголема и е под постојано внимание на нашиот сопственик Минчо Јорданов и шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар. Ја имаме нивната константна поддршка  и продолжуваме со сите зацртани планови. Академијата создавала и ќе продолжи со создавањето на нови генерации на наши ракометари и ракометарки, сегашни и идни пионерски, кадетски, младински и сениорски репрезентативци. Иднината на македонскиот ракомет се уште е во рацете на Металург. Сите наши школи непречено ќе продолжат со својата работа, а во план ни е отворање на нови, во Скопје и низ Македонија. Организиравме еден семинар за нашите тренери, на ред се преостанатите два за оваа сезона. Сите наши екипи во пионерска, кадетска и во младинска категории ќе продолжат со натпреварувањето и секаде ќе играме со максимални, шампионски амбиции“, вели Ристевски.

Ристевски кој истовремено е и претседател на ЖРК Металург, потенцира дека со исто темпо ќе продолжи да работи и женскиот сегмент на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП