4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМазе го освои златото во спуст

Мазе го освои златото во спуст

tina maze

Тина Мазе од Словенија го освои златниот медал во спуст на Светското првенство во Бивер Крик.

Мазе со 31 година стана најстарата светска шампионка во индивидуална трка. Мазе во досегашниот тек од СП има освоено два медали, таа претходно го освои сребрениот медал на трката во супервелеслалом.

Мазе до победата стигна со време од 1:45.89 минути, втора на целта стигна Ана Фенингер од Австрија (1:45:91), а третото место и припадна на Лара Гут од Швајцарија (1:46.23).

Инаку Мазе сега се стекна со добри шанси да стане првата која освоила пет медали на едно СП, бидејќи наредните дисциплини (слалом, велеслалом и комбинација) се нејзина специјалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП