2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта го доби дербито со Голден Стејт, скромен учинок на Антиќ

Атланта го доби дербито со Голден Стејт, скромен учинок на Антиќ

tpero

Во ноќта помеѓу петокот и саботата во НБА лигата се одигра дербито помеѓу екипите кои го имаат најдобриот скор во досегашниот дел од сезоната. Атланта на домашен терен славеше над Голден Стејт со 126:116 и ја забележа 42-та победа во 51-от меч во првенството, додека тимот од Оукленд има скор 39/9.

Македонскиот интернационалец Про Антиќ имаша скромен статистички ефект во победата на Атланта. Антиќ за речиси 17 минути колку што мина на теренот постигна само два поени.

Инаку седуммина кошаркари на Атланта постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасни беа Џеф Тиг со 23 и Пол Милсап со 21 поени.

Голден Стејт го предводеа Клеј Томпсон со 29 и Стефон Кари со 26 поени и 9 асистенции, додека Дрејмонд Грин имаше учинок од 12 поени и 20 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП