Три компании ќе учествуваат во битката за телевизиските права на натпреварите од англиското првенство за трите сезони меѓу 2016-та и 2019-та година. Во моментов станува збор за „Sky“ и „British Telecom“ (BT), кои повторно ќе учествуваат во наддавањето, а кон нив ќе се приклучи нов играч – Паневропскиот канал „Eurosport Discovery Communications“ (EDC).
Трите канали ќе се борат за 168 натпревари во живо од сезоната, кои се поделени во седум пакети. Според медиумите во Англија идниот договор може да достигне рекордни 4.5 милијарди фунти за трите сезони, што ќе е зголемување за 60% во однос на овој договор. Тоа значи дека еден дуел ќе чини околу девет милиони фунти.
Се очекува да има зголемување и во цената на правата за странство, од каде сега доаѓаат две милијарди фунти, како и на цената на предавањето „Match of the Day“ на „BBC“, што сега е проценето на 204 милиони фунти.
Според аналитичарите на Островот, „Sky“ ќе стори се за да задржи четири пакетот за прв избор, додека од „BT“ сакаат да го зголемат бројот на средбите кои ги емитуваат. Сега каналот пренесува директно по 38 натпревари на сезона од вкупно 154. За последниот пакет кој го купија за периодот 2013-2016 година, двете компании платија вкупно 3.018 милијарди фунти.
Претпоставуваше дека најбогатата ТВ компанија во светот „beIN Sport“, која е со седиште во Катар, исто така ќе даде понуда за англиските натпревари, при тоа за емитувањето на територијата на Велика Британија. Досега нема информации тоа дека ќе се случи, а крајниот рок за поднесување на документи е на полноќ на 6-ти февруари.
За наредниот период, пакетите со натпревари повторно ќе се седум, но пет од нив ќе вклучуваат 28 натпревари по сезона, а другите два ќе имаат по 14 натпревари. Се очекува дека уште 12 натпревари ќе бидат емитувани во живо во петок навечер. Максималниот број натпревари, кои може да земе една компанија е 126 – четири големи пакети и еден мал. Во моментов тоа е и целта на „Sky“, која сака да задржи статус кво, што значи дека ќе мора да плаќаат многу повеќе од 2.28 милијарди фунти, колку што беше инвестирано во правата за периодот 2013-2016-та.
„BT“ исто така, располага со огромни финансиски можности и сака да се задржи на спортскиот пазар. Компанијата веќе инвестира 897 милиони фунти во правата за Лигата на Шампионите и Лига Европа за три сезони, од кои првиот ќе е за 2015-2016. „BT“ сака да прикажува повеќе натпревари од 38-те кои ги има сега и тоа ќе даде силен старт во наддавањето за пакетите. Се уште нема информации со какви пари се подготвени да учествуваат „EDC“. Главниот извршен директор на компанијата беше во Лондон во јануари, за да се сретне со шефовите на Премиер лигата, но причината за средбата и резултатите од неа не беа обелоденети пред медиумите.
И покрај огромниот интерес на компанијата, која ги држи каналите „Eurosport“, експертите сметаат дека статусот нема да се промени и „Sky“ и „ВТ“ ќе ги задржат своите права, иако и за повеќе пари. Тоа сепак нема да се одрази на нивните претплатници.
Добрата вест во случајот ќе биде за англиските клубови. Во периодот 2013-2016 вкупната сума собрана од ТВ-правата на Премиер лигата ќе надмине 5.5 милијарди фунти. За наредниот период се очекува овие пари да се зголемуваат на речиси седум милијарди.