28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерхио Рамос ќе паузира два месеци

Серхио Рамос ќе паузира два месеци

ramos povreda

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, поради повреда ќе отсуствува од терените помеѓу пет и шест недели. Рамос се повреди во средата на натпреварот со Севиља (2:1),а најновите информации за сериозноста на неговата повреда ги пренесе „Marca“.

Првичните прогнози беа дека столбот на одбраната на Реал ќе се рехабилитира најмногу три недели, но очигледно е дека повредата е многу посериозна.

Инаку на истиот натпревар се повреди и Хамес Родригез, кој исто како и Рамос, поради фрактура на метатарзалната коска во стапалото, нема да биде во тимот во наредните два месеци.

Отсуството на овие двајца фудбалери е голем проблем за тренерот, Карло Анчелоти, во пресрет на саботното дерби со градскиот ривал Атлетико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП