Американскиот скијач Боде Милер ги скинал тетивите на коленото на супервелеслаломската трка, која во четвртокот се возеше во Бивер Крик, во рамките на Светското првенство во алпско скијање.
Милер, кој на почетокот имаше најдобро време, падна во долниот дел од патеката, но успеа да стигне до целта каде поради расекотина на коленото веднаш му била укажана медицинска помош. Сепак дополнителните прегледи покажале дека Милер ќе мора да биде опериран.
Според инвормациите од американскиот тим, операцијата која била извршена врз Милер била успешна, тој е пуштен на домашно лекување и за него оваа сезона е завршена.
Покрај Милер на супервелеслаломската трка, на која победи Австриецот Ханес Рајхелт, се повреди и норвешкиот скијач Кјетил Јансурд. Сепак Норвежанецот минал без посериозни повреди и тој ќе може да настапи на спуст трката која ќе се вози в сабота.