10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолужа поднесе оставка

Голужа поднесе оставка

Denmark v Croatia - Semi Final - Men's Handball World Championship 2013

Славко Голужа поднесе неотповиклива оставка на местото селектор на хрватската машка ракометна репрезентација, пет дена по враќањето од Светското првенство во Катар, соопшти ракометниот сојуз на Хрватска.

„По пет години минати на чело на ракометната репрезентација на Хрватска одлучив да поднесам неотповиклива оставка на местото селектор. Мојата одлука е плод на темелна анализа на случувањата на и околу Светското првенство во Катар и на разговорите со раководството на Сојузот“, наведува Голужа.

„Функцијата селектор ја извршував посветено, професионално и совесно и притоа ги остварив целите кои ги поставивме заедно со Сојузот, а тоа се квалификации за Олимписките игри во Рио де Женеиро. Но, очигледно не сум ги оправдал очекувањата на хрватската јавност и со оставката сакам да ги ослободам од секој притисок со кој се оптоварува ракометниот сојуз, моите и нашите играчи, но најмногу моето семејство кое сето ова го преживува многу тешко“ вели Голужа.

По врвната играчка кариера во која освои две олимписки злата и титула светски првак, Голужа тренерската кариера ја започна како помошник на тогашниот хрватски селектор Лино Червар, кого го наследи во 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП