12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарабатиќ обвинет дека местел натпревари заедно со 16 други лица

Карабатиќ обвинет дека местел натпревари заедно со 16 други лица

karaba 24

Јавното обвинителство на Париз побара познатиот ракометар Никола Карабатиќ и 16 други лица да бидат обвинети во рамки на аферата за местење на ракометни натпревари во францускиот шампионат во соработка со спортските обложаваници.

Според Јавното обвинителство, за Карабатиќ и за 16-те други лица постојат сомнежи дека учествувале во местење на натпреварот на Монпеље, односно дека се обложиле за резултатот на полувремето меѓу Монпеље и Цесон.

Карабатиќ и другите играчи на Монпеље се обложиле против сопствената екипа, за која се смета дека намерно губела на полувремето во мај 2012, со што заработиле 80.000 евра.

Оваа судска афера, доаѓа само неколку дена откако ракометната селекција на Франција, предводена од Карабатиќ повторно стана светски шампион во Катар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП