20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ го краде „уплашениот“ Ди Марија?

ПСЖ го краде „уплашениот“ Ди Марија?

di mari a

Според пишувањата на островските медиуми, повторно се создаваат услови за трансфер на Аргентинецот на „Паркот на принцовите“.

Помалку делува невозможно најскапото засилување (59.7 милиони фунти) на Манчестер Јунајтед по само една сезона и сосема солидна игра да се пресели во некој друг клуб.

Aнхел ди Марија беше една од главните ѕвезди во летниот преоден рок, но долго време се шпекулираше каде тој ќе замине.

Во борбата на двата гиганти, ПСЖ остана со кратки ракави, а црвениот дел на Манчестер имаше причина за славење. Сепак, треба да се напомене дека, испаѓањето на ПСЖ од конкуренцијата беше тесно поврзано со финансискиот ферплеј, кои им ги ограничува средствата за трошење, за што говореше и самиот Аргентинец. Притоа и по доаѓањето во Манчестер, тој потврди дека еден ден би сакал да се проба во дресот на „светците“.

По една полусезона, работите изгледаат сосема различно.

Интересот на ПСЖ и натаму е тука, а Аргентинецот и неговото семејство имаа непријатен инцидент во својот дом (грабеж), по што беа преместени во хотел. Самиот Ди Марија призна дека бил многу уплашен по овој настан, што медиумите го протолкуваа како можност за нова поврзаност со францускиот клуб.

Тоа што е сигурно, Манчестер нема така лесно да се откаже од својата „седмица“, а во случај на трансфер во Франција можеме да очекуваме ново соборување на рекордот при трансфери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП