19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony ги смири инвеститорите со добри резултати

Sony ги смири инвеститорите со добри резултати

soni moe

Сајбер-нападот над „Sony“ ја натера компанијата да го одложи официјалното претставување на финансиските резултати во јануари. Сепак, чекање чинеше, велат аналитичарите. Подобро од очекуваните резултати беа објавени денеска и го потврдија верувањето на инвеститорите во јапонскиот гигант, пишува „CNBC“.

Прелиминарните резултати покажуваат дека оперативната добивка на „Sony“ се удвои до 178.3 милијарди јени (1.52 милијарди долари) за периодот октомври-декември 2014-та година. Ова е значително над очекувањата во студијата на „Ројтерс“ за 96.6 милијарди јени.

Продажбата се зголеми за 6% до 2.56 трилиони јени, надминувајќи го просекот од 2.38 трилиони јени.

„Ова е пресврт, кој се случува еднаш на една деценија“, изјави висок аналитичар од „Jefferies“, Атул Гојал.

„Секој оддел беше во добивка – нема загуби при продолжувањето на активностите каде и да е во компанијата за прв пат по многу време“, изјави главниот уредник на „Japan Executive Network“, Џај Нелсон.

„Sony“ исто така најави подобрена перспектива за целата фискална година што завршува во март. Се очекува компанијата да објави нето загуба од 170 милијарди јени во однос на претходната прогноза за загуба во износ од 230 милијарди јени.

Проблемот со компјутерскиот сајбер-нападот врз нејзината мрежа спречи јапонската компанија да ги обезбеди конечните податоци за кварталот. Резултатите ќе бидат објавени во март.

По обајвувањето на овие резултати на берзата во Токио акциите на „Sony“ поскапеа со над 16%.

„Континуираното реструктуирање кое го спроведува главниот финансиски директор Неничиро Јаошида го доведе до пресвртот“, изјави уште Гојал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП