5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Бруин ќе оди по стапките на Матиќ?

Де Бруин ќе оди по стапките на Матиќ?

de bruin 35

Немања Матиќ мораше преку заобиколен пат до првиот тим на Челзи, а изгледа по неговите чекори ќе оди и младиот Белгиец.

Волфсбург ова сезона игра одлично во Бундеслигата, а една од ударните игли во тимот е Кевин Де Бруин.

По неуспешната епизода во Лондон, Белгиецот направи одличен потег во изборот на нов клуб. Со потпишувањето на повеќегодишен договор, на вистински начин започна да го покажува својот цел потенцијал, за кој Челзи немаше трпение да го види.

Сепак, сега се погласни се гласините за враќање на Де Бруин на „Стемфорд Бриџ“, што не се чини како невозможно. Белгискиот фудбалер е во најтесната конкуренција за најдобар млад играч на Европа, а има и реални шанси да ја земе титулата најдобар играч во Германија, доколку остане во врвна форма, сметаат медиумите во Англија. Не треба да се занемарат и амбициите на самиот играч кој сака да се докаже и во Премиерлигата.

Следејќи ја состојбата од аголот на раководството на Волфсбруг, овие предвидувања немаат реална подлога, затоа што треба да се земе во предвид и тоа дека германскиот тим не плати мала (20 милиони евра) сума за Белгиецот, што значи дека нема така лесно да се откажат од него.

Дали Абрамович повторно ќе ги враќа „своите“ играчи, останува да се почека до новиот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП