21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИако немаат проблеми со катарците, Барса бара нов спонзор

Иако немаат проблеми со катарците, Барса бара нов спонзор

faust 3509

Финансискиот директор на Барселона, Хавиер Фауст сподели дека клубот има потреба брзо да најде нов спонзор, иако засега нема проблеми со „Катар ервејс“.

„Имаме потреба од нов спонзор. Немаме никаков проблем со „Катар ервејс“. Но треба да земеме брзо решение што е поврзано со иднината на клубот“, коментира Фауст.

Каталонците сакаат сериозно да ги зголемат финансиските придобивки од евентуален нов договор со катарската авиокомпанија. Спонзорот го стави своето лого на дресовите на тимот и стадионот и плаќа по 33 милиони евра годишно, но од Барса најавија пред неколку дена дека сериозно размислуваат дали да потпишат нов договор поради скандалите со Катар околу Светското во фудбал во 2022-ра година.

Хавиер Фауст им нуди на катарците да плаќаат по 50 милиони евра годишно, ако дојде до нов договор, откако актуелниот договор истекува во летото 2016-та година.

Пред неколку недели, претседателот на Барселона Хосеп Марија Бартомеу соопшти дека има голема веројатност клубот да се откаже од стотици милиони евра со прекин на спонзорскиот договор со „Катар ервејс“ поради јавниот притисок околу Емиратите.

Се појавија дури информации дека Барселона може да добие 350 милиони евра од Катар за името на стадионот, ако потпише договор за 30 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП