ИНТЕРЕСНО

Кедира се враќа во Германија, но во дресот на Баерн Минхен!?

kedira 30

Германскиот репрезентативец Сами Кедира, членот на Реал Мадрид, донел одлука да го сочека јуни и како слободен фудбалер да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а Германецот веќе знае каде да ја продолжи кариерата. Изборот е – Баерн Минхен!

Како што објавуваат медиумите, Кедира решил да заигра за „баварците“, каде тренер е Пеп Гвардиола, а тој во следните неколку дена и официјално ќе го потпише договорот со Баерн со важност од лето.

Според правилата, фудбалер, кој има уште шест месеци од актуелниот договор, има право да потпише за друг клуб и трансферот да го реализира како слободен играч, кога и официјално ќе му заврши актуелната соработка со досегашниот клуб.

Фудбалерот за врска, сезонава нема преголема минутажа и е во втор план, особено откако во Мадрид дојде неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Тони Крос.

За Кедира интерес покажаа и Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челси, но тој очигледно одлучил да се врати во Германија.