17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏексон Мартинез побара да биде продаден

Џексон Мартинез побара да биде продаден

Jackson-martinez-getty

Големата ѕвезда на Порто, Џексон Мартинез јавно најави дека е подготвен за следниот чекор во својата кариера.

Веќе подолго време колумбискиот репрезентативец претставува „мета“ за голем број европски тимови, па поради тоа на неколку пати беше на чекор од трансфер. Тој веќе има 28 години, па затоа самиот Мартинез сака да проба нешто различно, а неговиот сон е поврзан со тоа да игра за поголем тим.

„Токму сега сакам да се фокусирам само на работата во Порто, но сум подготвен да направам нов чекор во наредниот трансфер прозорец. Засега мислам само за Порто и работите кои ни претстојат, а кога повторно ќе се отвори трансфер прозорецот, ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој.

Мартинез е дел од португалскиот гигант од 2012-та година и има 77 првенствени натпревари, во кои постигнал 60 гола. Во моментов тој е лидер кај голгетерите во португалското првенство со 15 погодоци.

Според последните информации кои се појавија во англиските медиуми, сериозен интерес за колумбискиот репрезентативец покажуваа Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Арсенал и Ливерпул, па поради тоа останува да почекаме до следниот преоден рок за да видиме, каде Мартинез ќе ја продолжи својата кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП