5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на New York Times

Потона профитот на New York Times

thenewyorktimes1

Американскиот весник „The New York Times – NYT“ во четвртиот квартал минатата година забележа пад на профитот од 47 проценти, поради големите трошоци за реструктуирање и инвестирање во дигиталниот бизнис.

Престижниот весник во соопштението наведува дека нето заработката во три месеци, заклучно со декември е намалена на 34,8 милиони во однос на 5 милиони долари во истиот период минатата година, додека приходите истовремено мирувале на 444 милиони долари.

„NYT“ во четвриот квартал имал трошоци за oтпремнина за дел од работниците, како и инвестиции во онлајн бизнисот, бидејќи се поголем број на лица преминуваат на интернет изданието од печатеното издание.

Претседателот и извршниот директор на „NYT“, Марк Томпсон, наведува дека го охрабрува растот на дигиталните претплатници и дека компанијата ќе продолжи да инвестира во таа област. Весникот на крајот на 2014 година имал 910.000 онлајн претплатници, што е за 150.000 повеќе во однос на 2013 година, а се верува дека оваа година ќе достигне еден милион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП