29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 20 години, Флечер си замина од „Олд Трафорд“

По 20 години, Флечер си замина од „Олд Трафорд“

daren flecer

Шкотскиот фудбалер Дарен Флечер го напушти Манчестер Јунајтед, каде ги помина последните 20 години.

30-годишниот дефанзивен играч премина како слободен агент во Вест Бромвич во последните минути од зимскиот трансфер прозорец, кој се затвори на полноќ. Тој потпиша договор за две и пол години со опција за продолжување за уште дванаесет месеци.

„Се чувствувам одлично. Ова е еден фантастичен нов предизвик во мојата кариера. Ја поминав целата кариера во Јунајтед и не познавам ништо друго. Почувствував дека е вистинскиот момент да го направам овој чекор. Нема место за сентименталност. Доживував неверојатни моменти со Јунајтед, но сега сум играч на ВБА и со нетрпение очекувам да започнам“, рече Шкотланѓанецот во своето прво интервју како играч на ВБА.

daren flecer1

Флечер беше дел од Манчестер Јунајтед од 1995-та година, кога од академијата на „црвените ѓаволи“ го привлекуваат од школата на шкотскиот Тајнкастел.

Во 2000-та година тој е на пат да стане најмладиот фудбалер, кој играл за првиот тим на рекордерот по титули на Англија, откако е вклучен во групата за последниот дуел од сезона 1999/2000. Правилата на Премиер лигата за договорите на играчи во школска возраст, сепак одложуваат неговото деби.

На 1-ви февруари 2001-ва година, Флечер го потпишува својот прв професионален договор. Во почетокот различни повреди му пречат да дојде до првиот тим. На 12-ти март 2003-та година, тој конечно го направи своето деби за „црвените ѓаволи“, почнувајќи како стартер на десното крило против Базел во Лигата на Шампионите.

Токму како десен играч започнува неговата кариера, но подоцна е преквалификува во играч од средниот ред.

daren flecer2

Од сезоната 2003/2004 година, Флечер станува важен дел од составот на Сер Алекс Фергусон. Тој одигра 290 натпревари во првите осум полни сезони. Потоа, повторно различни повреди го ограничија времето на теренот и за последните четири години халфот одигра само 50 средби.

Флечер ги освои речиси сите можни трофеи со „црвените ѓаволи“. Тој беше дел од освојувањето на 14 трофеи во 12-те негови години во првиот тим – пет пати титулата во Премиер лигата, еднаш Купот на Англија, два пати Купот на лигата, четири пати Комјунити Шилд, како и Лигата на Шампионите и светското клубско првенство во 2008-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП