19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо вреди најмалку 300 милиони фунти!

Роналдо вреди најмалку 300 милиони фунти!

roni so menadzerot

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо чини најмалку 300 милиони фунти, изјави неговиот агент Жорже Мендеш. Според него има клубови кои би ја платиле оваа сума, но според него, играч како Португалецот „не може да биде купен“.

Сонародникот на фудбалерот побрза да ги негира шпекулациите на адреса на својот клиент и навести дека трикратниот носител на „Златната топка“ може да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на кариерата.

„Тој е најдобар играч во светот, не може да се споредува со никого. Ако поради некоја причина Реал одлучи да го продаде веднаш и му стави цена од 300 милиони фунти, некој веднаш ќе го купи. Но играч како него не може да биде купен. Клаузулата за продажба во неговиот договор е една милијарда, па тој вреди една милијарда. Дали ќе ја заврши кариерата во Мадрид? Секако, зошто да не“, коментира Мендеш во интервју за „BBC“.

Мендеш важи како највлијателниот и најуспешен фудбалски агент и зад себе има зделки и трансфери во вредност од една милијарда фунти. Меѓу неговите клиенти се тренерите Жозе Мурињо, Луис Фелипе Сколари, како и голем број ѕвезди како Рамадан Фалкао, Хамес Родригез, Давид де Геа, Виктор Валдес и Диего Коста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП