Заврши уште еден трансфер период во најсилните лиги на светот, а последниот ден од зимскиот преоден рок го одбележа Челси, кој го продаде Андреа Шурле, ама го купи Хуан Куадрадо.
Жозе Мурињо употреби 30 милиони евра за овие два трансфери, Германецот го испрати во Волфсбург, а Колумбиецот го донесе од Фиорентина.
Претходните денови од јануари ги одбележаа трансферите на Вилфред Бони, Енцо Перес и Сејду Думбиа.
Во Португалија трансфер пазарот заврши во четвртокот во 18 часот, во Швајцарија во 16, додека, пак, во скандинавските земји и во Русија трае до крајот на овој месец.
Во досегашниот тек од зимскиот преоден рок немаше премногу спектакуларни трансфери, изостанаа најавуваните „бомби“ на Манчестер Јунајтед, а неактивни беа и Сити, Арсенал, Ливерпул, Реал, Барселона, ПСЖ…
Некои трансфери сепак се издвојуваат, најголем е оној на Вилфред Бони од Свонси во редовите на шампионот Сити за 30 милиони евра, потоа трансферот на Сејду Думбиа од ЦСКА Москва во Рома, како и 25 милионскиот трансфер на Енцо Перес од Бенфика во Валенсија.
Во последните моменти од трансфер периодот во Германија, официјализирани беа трансферите на Андреа Шурле од Челси во Волфсбург, како и доаѓањето на Хуан Куадрадо во Челси од Фиорентина.
Најголемите јануарски трансфери:
1. Хуан Куадрадо – Фиорентина во Челси 33,4 милиони евра
2. Вилфред Бони – Свонси во Манчестер Сити 32,3 милиони евра
3. Андре Шурле – Челси во Волфсбург 32 милиони евра
4. Енцо Перес – Бенфика во Валенсија 25 милиони евра
5. Бернандо Силва – Бенфика во Монако 15,75 милиони евра
6. Рикардо Гулар – Крузеиро во Гвангжу 15 милиони евра
7. Габриел Паулиста – Вилјареал во Арсенал 15 милиони евра
8. Сејду Думбиа – ЦСКА во Рома 14,4 милиони евра
9. Лукас Силва – Крузеиро во Реал Мадрид 13 милиони евра
10. Рајан Бертранд – Челси во Саутемптон 12,78 милиони евра
Во продолжение ви го претставуваме видеото објавено од страна на Светската фудбалска федерација (FIFA), во кое се објаснува како се реализираат трансферите во последниот ден од преодниот рок: