19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAтлетико ќе го тужи ПСЖ поради Симеоне!?

Aтлетико ќе го тужи ПСЖ поради Симеоне!?

MALMO FF-ATLETICO MADRID-SWEDEN

Раководните лица на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (Мадрид), сериозно размислуваат да го тужат францускиот гигант ПСЖ поради контактот со актуелниот предводник на популарните „јорганџии“, Диего Симеоне.

Француските медиуми веќе неколку недели ја форсираат приказната дека аргентинскиот стручњак важи за идеален наследник на актуелниот предводник на ПСЖ, Лорен Блан кој сигурно ќе добие отказ на крајот од оваа сезона.

Шпанскиот весник „АС“ откри дека челниците на ПСЖ оствариле контакт со Симеоне без да добијат одобрение од раководните лица на Атлетико Мадрид.

Симеоне има договор со шпанскиот прволигаш до 30-ти јуни 2017-та година, а интерес за неговите услуги покажа и сопственикот на италијанскиот гигант Интер, Ерик Тохир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП