Откриени беа детали околу зделката за крилото Андре Шурле од Челзи во Волфсбург. Трансферот треба да биде затворена до крајот на денешниот ден, бидејќи тоа е последниот рок од зимскиот трансфер прозорец.

„Волците“ ќе платат за светскиот шампион со Германија 32 милиони евра, како и уште пет милиони како бонуси, според настапите на Шурле. Одделно агентот на фудбалерот ќе добие 2 милиони евра провизија.
Договорот на 24-годишниот напаѓач ќе биде за период од 4.5 сезони, а неговата плата за 12 месеци е шест милиони евра.
Пресметката покажува дека трансферот на Шурле ќе го чини Волфсбург 66 милиони евра, информира „Билд“.