6 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан гради стадион во срцето на Милано

Милан гради стадион во срцето на Милано

CASA MILAN

Милан ќе има свој стадион од сезоната 2018/19, стана јасно по презентацијата на проектот од вицепретседателката, Барбара Берлускони.

Парцелата е во срцето на Милано, токму пред седиштето на клубот „Каза Милан“. Стадионот ќе биде вкопан 10 метри под нивото на улицата и ќе е висок 30 метри.

Неговиот капацитет ќе е за 48.000 гледачи, а ќе биде и со подвижен покрив. Околу него нема да има патен сообраќај, бидејќи до него ќе се стигнува со јавниот превоз.

„Едно единствено место на светот, што ќе сака да живее 7 дена во неделата“, беше објавено при претставувањето на проектот.

Во сколоп на стадионот ќе има хотел, спортски интернат, ресторани, игралишта и многу зеленило.

Проектот е на компанијата „Arup“ чие творештво се Олимпискиот стадион во Пекинг („птичјо гнездо“), а исто така „Алијанц Арена“ (Минхен), „Сити оф Манчестер“ (сега „Етихад“) и „Донбас Арена“ (Донецк).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП