1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари со болидот SF15-T најавува крај на доминацијата на Мерцедес (фото+видео)

Ферари со болидот SF15-T најавува крај на доминацијата на Мерцедес (фото+видео)

fer bolid

Ферари ги израдува своите навивачи и го покажа болидот со кој ќе се обиде да се врати на најславните денови во Формула 1 во 2015-та година.

Минатата сезона беше вистинска катастрофа за „скудеријата“, откако за прв пат од 1993-та година наваму, италијанскиот тим не можеше да запише победа. Сега Себастијан Фетел и Кими Раиконен се натоварени со тешката задача да го намалат растојанието до доминантиот Мерцедес и ќе треба да го сторат тоа со помош на „SF15-T“.

„Најдобриот автомобил е оној кој победува. Минатата година имавме грд автомобил кој згора на тоа не можеше да победува. Овој ми се допаѓа повеќе во однос на естетиката. Не знам како ќе се презентира, но изгледа навистина „секси““, рече шефот на тимот Маурицио Аривабене.

fer bolid1

Шефот сепак не се сакаше да прогнозира дали конечно дојде крај на 7-годишната суша без светска титула, но пак затоа побара задолжително да бидат постигнати минимум 2 победи во сезоната.

„Јас сум реалист. Никој не располага со магија, за да се променат работите, кога тие не се предмет на промени“, рече Аривабене.

Најпрепознатливи карактеристики на новиот болид се издолжениот нос и модификациите по страните на автомобилот околу кокпитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП