5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуадрадо ќе биде нов член на Челзи

Куадрадо ќе биде нов член на Челзи

kvadrado barsa

Трансферот на Хуан Куадрадо во Челзи веќе може да се смета за сигурен, затоа што договорот најверојатно ќе биде официјално прогласена до крајот на денот.

Според „БиБиСи“, колумбиското крило на Фиорентина денес ќе пристигне во Лондон за медицински прегледи, откако играчот веќе ги договорил и личните услови со „сините“.

Договорот ќе биде во вредност од 23.3 милиони фунти, а со бонусите може да достигне 26.8 милиони фунти, колку што е ослободувачки клаузула во договорот на Куадрадо. Можно е Мохамед Салах да замине во обратна насока, минувајќи под наем во Фиорентина за период од 18 месеци.

Според „БиБиСи“ самиот Египќанец сепак се уште не донел одлука дали има желба да отиде во Серија „А“. Ако сепак тоа се случи, „виолетовите“ нема да платат ништо за позајмицата.

Привлекувањето на Куадрадо пак значи дека најверојатно Челзи ќе ја прифати понудата на Волфсбург за Андре Шурле. Се претпоставува дека на „Стемфорд Бриџ“ ќе добијат околу 22 милиони фунти за Германецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП