18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на Shell

Потона профитот на Shell

shell11

„Royal Dutch Shell“, најголемата европска нафтена компанија според пазарната вредност, во четвртиот квартал забележа пад на нето профитот од 57 проценти на 773 милиони долари.

Компанијата наведе дека оваа година ќе ја ограничи потрошувачката како одговор на падот на цените на нафтата.

Заработката од четвртиот квартал, кога ќе се исклучи влијанието на цените на нафтата, пораснала за 93 проценти на 4,2 милијарди долари, додека на ниво на цела 2014 година е зголемена за 14 проценти на 19 милијарди долари, наведува компанијата, пренесува агенцијата АП.

Извршниот директор на „Shell“, Бен ван Берден наведува дека компанијата е добро позиционирана да се избори со падот на цената на нафтата, иако приливот на средства оваа година ќе биде намален.

„Планираме да ја ограничиме потрошувачката оваа година на ниво на онаа од 2014 година, да ја задржиме флексибилноста во случај на промени и дополнително да ги намалиме трошоците ако пазарните услови бараат таков чекор“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП