3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens ги исполни очекувањата

Siemens ги исполни очекувањата

Siemens

Германската компанија „Siemens“, лидер на светскиот пазар за електроника и електротехника, соопшти дека ќе ја задржи целогодишната прогноза за профитот.

Резултатите од првиот фискален квартал се во согласност со очекувањата.

„Работењето во повеќето наши сектори ги исполни очекувањата“, изјави извршниот директор на компанијата Џо Кезер, пренесува агенцијата Франс прес.

Финансиската година на „Siemens“ трае од октомври до септември, а во три месеци заклучно со декември нето профитот е намален за 25 проценти на 1,09 милијарди евра. Новите нарачки се намалени за 13 проценти на 18,01 милијарди евра, а приходите се истовремено зголемени за три проценти на 17,41 милијарди евра.

„Веруваме дека деловното опкружување во 2015 година ќе биде сложено, делумно поради геополитичките тензии“, наведуваат од компанијата, додавајќи дека очекуваат, до крајот на финансиската година, вредноста на нарачките да ги надмине вкупните годишни приходи.

„Siemens“ за деловната 2014/2015 година прогнозира раст на нето профитот по акција од 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП