18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Меси и Пике има проблеми со затајување даноци!

По Меси и Пике има проблеми со затајување даноци!

pike danoci

Шпанскиот репрезентативец и една од ѕвездите на Барселона, Жерард Пике има проблеми со Министерството за финансии во земјата во врска со скриена 2,45 милиони евра од плаќање даноци.

Тоа покажала проверката на даночните декларации на фудбалерот од 2007-ма до 2010-та година. Даночните служби веќе поднеле тужба, а 27-годишниот дефанзивец треба да се изјасни за виновен и да ја плати казната или да оди на суд, кој ќе процени која од страните има право.

Министерството за финансии во Шпанија ги истражува ѕвездите од гиганти Реал Мадрид и Барселона, меѓу кои се Серхио Рамос, Икер Касиљас, Чави и други, но во оваа фаза кај нив не се регистрирани лажни даночни пријави.

Голгетерот на Барселона Лионел Меси исто така беше фатен за даночно затајување и во 2013-та година мораше да даде во државната каса 5 милиони евра, а постои веројатност да враќа и уште пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП