21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM: Нема масовни отпуштања

IBM: Нема масовни отпуштања

ibm komp

Еден од потпаролите на американската информатичка компанија „IBM“ ја демантираше денес објавата на „Форбс“ дека во оваа компанија се подготвува масовно отпуштање на вработените.

„Форбс“ објави дека овој гигант кој има повеќе од 430.000 вработени, се подготвува да ја намали работната сила за околу 26 проценти, пренесува „Ројтерс“.

„IBM“ има план за укинување на работни места, како што соопшти минатата недела при објавувањето на деловните резултати, но тој план ќе се однесува на само „неколку илјади“ вработени, се наведува во соопштението упатено до „Ројтерс“.

„Форбс“ во вчерашниот број објави дека слабите деловни резултати на „IBM“ ќе ја принудат компанијата да спроведе голема реорганизација, која ќе доведе до отпуштање на 26 проценти од вработените.

Според познатиот блогер од Силиконската долина кој пишува за „Форбс“, Роберт Крингли, „IBM“ ќе отпушти околу една четвртина од своите вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП