6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилскиот бисер пристигна на „Бернабеу“ (фото+видео)

Бразилскиот бисер пристигна на „Бернабеу“ (фото+видео)

lk rm nas

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез официјално го претстави новото засилување Лукас Силва.

21-годишниот Бразилец игра како играч од средниот ред и некои го нарекуваат „Новиот Кака“ поради сличноста во стилот со неговиот славен сонародник. Бразилецот, кој денеска напладне ги мина медицинските прегледи, беше купен од Крузеиро за сума од околу 14 милиони евра.

Тој потпиша со „кралевите“ до јуни 2020-та година.

lk rm

„Многу сум среќен да бидам тука и да го реализирам сонот“, изјави возбудено Силва.

„Од дете сонував да го облечам дресот на Реал, за мене е чест. Тоа е најдобриот клуб во светот. Му благодарам на Господ, на претседателот на Крузеиро, на Реал Мадрид и на мојот менаџер Хозе Санчез. Возбуден сум дека веќе сум дел од овој голем клуб во кој ќе продолжам да се развивам и ќе се обидам да помогнам со се“, додава младиот Бразилец.

„Денес сонот на Лукас Силва стана реалност. Ние сме светски клупски шампион и кај нас нема место за опуштање. Должни сме да го одржуваме високото ниво на личности, како Сантијаго Бернабеу и Алфредо ди Стефано. Во нашата потрага кон совршенство стигнавме до овој силен фудбалер, кој има сериозен потенцијал. Денес во Мадрид пристигна еден од најдобрите Бразилци. Тој има само 21 година, а веќе е шампион на својата земја и е дел од Реал“, вели претседателот на „кралевите“.

lk rm1

Потоа шефот се сврте директно кон Силва: „Еве ти ќе се запознаеш со многу големи фудбалери, а освен тоа пристигна и во многу важна фаза од сезоната. Да го носиш дресот на клубот е привилегија, но и огромна одговорност, на која се радуваат малкумина. Целта во моментов е освојувањето на 11-тата титула во Европа и 33-тата во Примера. Веќе ги освоивме Суперкупот на Европа и Светското клубско првенство, но тоа беше само почеток. Добредојдовте во Реал Мадрид, од денес тоа е твојот дом!“.

Во принцип мадриѓаните планираа да го земат Силва по крајот на сезоната, но откако пред неколку дена Атлетик Билбао упати поволна понуда за Асиер Илараменди, тие го забрзаа трансферот. Тоа речиси сигурно значи дека Реал ќе го продаде Илараменди на Баскијците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП