19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШурле се враќа во Германија!?

Шурле се враќа во Германија!?

andre surle 2354

Андре Шурле може да се врати во Бундеслигата. Според англиски „Дејли Меил“, Волфсбург испратил понуда од околу 30 милиони евра за фудбалерот на Челси.

Во саботата, светскиот шампион не беше во составот на Челзи во поразот против Брадфорд (2:4), што ги засили гласините за трансфер на крилниот фудбалер.

Менаџерот Жозе Мурињо, сепак прецизираше дека причината за отстранување на Германецот се благи болки во грбот и најави дека Шурле би бил продаден само при „феноменална понуда“.

Според германските медиуми, пак, Шурле е подготвен да премине во Волфсбург и веќе имал разговори со раководството на „волците“.

24-годишниот фудбалер беше привлечен во Челзи во текот на летото на 2013-та за 22 милиони евра од Баер Леверкузен, а актуелниот негов договор со „сините“ од Лондон е до 2018-та.

Во оваа сезона, сепак Шурле ја извршува исклучиво улогата на „џокер“ и не успева да се наметне во првиот состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП