Над 738.000.000 евра е вкупниот долг кон државата на клубовите од шпанската Примера и Сегунда Дивизион.
Само за 10 години (од 2002/03 до 2012/13) долгот на клубовите кон шпанската каса скокна за 2,6 пати. Според пресметките долгот треба да биде исплатен најдоцна до 2021-ва година.
Лидер според долгови кон државната каса е шампионот на Шпанија, Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ должат близу 155.000.000 евра.
И покрај тоа што минатата година Атлетико Мадрид исчисти одеднаш 20% од долговите кон државата.