29 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукас Силва е нов играч на Реал Мадрид!

Лукас Силва е нов играч на Реал Мадрид!

satelite

Реал Мадрид се засили со уште еден млад талент. Откако во текот на неделата потпишаа со Мартин Одегард, во петокот, кралскиот клуб го договори и Лукас Силва.

Веста беше потврдена од потпретседателот на Крузеиро, каде Силва  настапуваше до овој момент, но и на официјалната интрнет страна на Реал Мадрид.

„Договорот е финализиран. Нема што да направиме повеќе“, беше краток, но категоричен коментарот по прашањето на Марсеј Родригез, потпретседател на Крузеиро.

„Кралевите“ на три пати се обидуваа да се засилат со фудбалерот и конечно успеа, истакнува весникот „Марка“. Првиот беше во текот на летото, вториот во декември. И во двата случаи, сепак Крузеиро беа попуштаа во барањето да добијат 15 милиони евра.

Вчера, сепак Лукас Силва конечно беше договорен за Реал, кои ќе платат 14 милиони евра на две еднакви рати.

Бразилецот ќе ги помине задолжителните медицински испитувања во Мадрид во понеделник, по што ќе биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“. Самиот играч изрази желба да го носи дресот со својот омилен број, а тоа е 16.

Се очекува договорот на Лукас Силва да биде за 4 и пол години, поточно до 30-ти јуни 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП