1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри од главните спонзори ја прекинаа соработката со ФИФА

Три од главните спонзори ја прекинаа соработката со ФИФА

A guard stands at the entrance of the FI

Скандалот околу изборот на Русија и Катар за домаќини на светските првенства во 2018-та и 2022-ра година продолжува да носи негативи на ФИФА. Светската фудбалска организација загуби уште три клучни спонзори, со кои долги години соработуваше.

Гигантот во производство на гуми „Континентал“, креаторот на моторни масла „Кастрол“ и фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“, најавија дека нема да ги обноват договорите со ФИФА поради „влошениот имиџ“, покрај обвинувањата за корупција.

Во периодот на договорите, организација добивала скоро 1.5 милијарди долари годишно од трите спонзори.

Ова е уште удар против федерацијата. Во ноември 2014-та година, јапонскиот производител на електротехника „Сони“ и авиокомпанијата „Емирати“, исто така најавија дека го прекинуваат партнерството со ФИФА.

По секоја веројатност ФИФА ќе бара нови спонзори од рускиот и азискиот пазар – регионите каде што ќе се одржат следните две светски првенства.

Се смета дека ФИФА води преговори со јужнокорејскиот производител на електротехника „Самсунг“ и на авиокомпанијата „Катар ер“, како заменици на „Сони“ и „Емирати“.

Добрата вест за ФИФА е новиот договор со „Адидас“, кој е до 2030-та година, како и оној со „Виза“ до 2022-ра година. Покрај тоа, „Кока-кола“ со која фудбалската федерација соработува од 1978-ма година, исто така има долгогодишен договор.

ФИФА добива меѓу 24 и 44 милиони долари годишно од своите главни спонзори и помеѓу 10 и 25 милиони од споредните, како „Бадвајзер“ и „Мекдоналдс“.

По секоја веројатност Сеп Блатер ќе освои нов мандат како претседател на ФИФА на изборите на 29-ти мај оваа година. Фудбалските конфедерации на Океанија и Азија веќе најавија дека ќе го поддржат Швајцарецот во петтиот последователен мандат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП