2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатените кошаркари во НБА

Најплатените кошаркари во НБА

lebron james 5

Просечната вредност на тим од Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА) е 1.1 милијарди долари, информира „Forbes“.

Најскапите тимови во лигата се Лос Анџелес Лејкерс и Њујорк Никс, оценети на 2.6, односно 2.5 милијарди долари. Иако ја имаше најслабата сезона во историјата, Лејкерс успеа да освои 293 милиони долари во 2014-та година.

Топ 5 на тимовите се дополнува со Чикаго Булс (2 милијарди долари), Бостон Селтикс (1.7 милијарди долари) и Лос Анџелес Клиперс (1.6 милијарди долари).

Кои сепак се најдобро платените кошаркари во НБА?

Лидер во ова рангирање е Леброн Џејмс со 64.6 милиони долари, од кои 20.6 милиони долари се од плати, а останатите 44 милиони долари од рекламни договори.

Ѕвездата на Оклахома, Кевин Дурант е рангиран на втората позиција со 54 милиони долари (19 милиони долари од плата и 35 милиони од спонзори), пред Коби Брајант кој добил 49.5 милиони долари во последните 12 месеци (23.5 + 26 милиони долари).

Во ова рангирање се уште и ѕвездите на Чикаго, Дерек Роуз и Њујорк, Кармело Ентони, кои добиле 38.9, односно 30.5 милиони долари.

Над 20 милиони долари добиле уште Двејн Вејд (Мајами, 27 милиони долари), Амар Стадаемаер (Њујорк, 26.4 милиони долари), Крис Пол (Лос Анџелес Клиперс, 26.1 милиони долари), Двајт Хауард (Хјустон, 25.9 милиони долари) и само еден бел кошаркар – Блејк Грифин од Лос Анџелес Клиперс со 24.7 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП