6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФиорентина ја прифати понудата од 23 милиони фунти за Куадрадо

Фиорентина ја прифати понудата од 23 милиони фунти за Куадрадо

huan 3w

Лидерот во англиската Премиерлига, Челзи ќе оствари сериозен трансфер до крајот на зимскиот преоден рок во Европа, тврди „Дејли експрес“.

Според изданието, „сините“ од Лондон се договориле ѕвездата на Фиорентина, Хуан Куадрадо.

Се очекува Челзи да плати за крилниот напаѓач 23 милиони фунти (30 милиони евра).

Весникот потсетува дека клаузулата за раскинување на договорот на Куадрадо е 35 милиони евра, но од Фиорентина имаат тенденција да се разделат со него и за сума од 30 милиони, бидејќи самиот играч сака да игра во Англија.

Се очекува трансферот да биде реализиран во наредните денови.

Како што е познато трансфер периодот во Европа се затвора на 2-ри февруари (понеделник).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП