Раководството на ПСЖ воделе преговори со Диего Симеоне и Французите веќе со еден чекор се пред другите кандидати кои се заинтересирани за аргентинскиот стратег, објави „Скај Италија“, повикувајќи се на информации од клубот.
„Да, ПСЖ се интересира за Диего Симеоне“, потврди и новинарот на „Екипа“ Џером Тобол.
Доколку не успеат да го ангажираат Аргентинецот, раководството на клубот ќе се насочи кон селекторот на Италија, Антонио Конте.
Иако самиот Симеоне да тврди дека за 2 години нема да го напушти Атлетико, тој самиот беше откриен дека учи англиски и неговото име беше поврзано и со Манчестер Сити.
Популарниот „Чоло“ постигна неверојатни работи на чело на Атлетико Мадрид, не само што стана тим кој е конкурент на Реал и Барселона, но и го врати меѓу европската елита.
На крајот на декември навршија 3 години, откако тој пристигна на „Висенте Калдерон“, а во овој период го доведе составот до 5 трофеи, како и до финалето во Лигата на Шампионите.