3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНорвешкото „чудо од дете“ заврши во редовите на „кралевите“ (фото+видео)

Норвешкото „чудо од дете“ заврши во редовите на „кралевите“ (фото+видео)

ode gard naslovna

Најталентираниот фудбалер на планетата е во Мадрид и во почетокот ќе игра за вториот тим на Реал во „Секунда дивизон“.

Нема повеќе дилеми! Реал Мадрид официјално потпиша со Мартин Одегард, норвешкото „чудо од дете“ кое е родено во 1998-ма година.

ode gard

Вредноста на трансферот е 2.8 милиони евра, а младиот фудбалер, како што откриваат шпанските медиуми неделно ќе добива плата од 80.000 фунти или 104.000 евра?!

Веднаш кога ќе се опорави, сега веќе бившиот играч на Стромсгодсет од повредата, ќе започне да тренира со првиот тим на шампионот на Европа.

ode gard1

„Ова е најдобро за мене, Реал има најдобри услови за напредок. Играчите на Реал се многу добри, одлични личности. Мојата цел е да станам уште подобар играч. Целата година беше одлична и многу ми е мило што потпишав за најголемиот клуб во светот. Со нетрпение чекам да започнам со тренинзите. Ќе бидам многу среќен долку тренерот Анчелоти ми пружи шанса да играм. Зидан беше еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, а Кастиља има одличен тим“, вели новиот член на „кралевите“.

Норвежанецот ќе тренира со Роналдо и останатите првотимци, но во прво време ќе игра натпревари за Кастиља во третата лига.

Инаку и таткото на Одегард доби работа во школата за фудбал на Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП