1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ даваат 80 милиони евра за Погба!?

„Ѓаволите“ даваат 80 милиони евра за Погба!?

pogba nov

Манчестер Јунајтед има намера да го врати Пол Погба од Јувентус и веќе има упатено официјална понуда во вредност од 80 милиони евра за францускиот репрезентативец, соопштува торинскиот весник „Ла Стампа“.

Агентот на фудбалерот Мино Раиола ја посетил базата на „старата дама“ на 20-ти јануари и разговарал со раководството на Јувентус за евентуално враќање на неговиот клиент на „Олд Трафорд“.

Погба беше дел од Манчестер Јунајтед до летото 2012-та година, кога пристигна во Јувентус како слободен играч.

Во тимот на „црвените ѓаволи“, тој има настапено на само 3 натпревари во првенство, а во дресот на „бјанконерите“ досега настапи на 79 натпревари, а притоа забележа 17 погодоци во Серија „А“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП