27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИвица Обрван: Хрватска не доби во вториот дел

Ивица Обрван: Хрватска не доби во вториот дел

ivica

Послабиот настап во второ полувреме е причината поради која македонската репрезентација го претрпе првиот пораз на овој СП, и тоа од фаворизираната Хрватска, смета селекторот Ивица Обрван.

„Во првото полувреме бевме достоен ривал, но потоа Хрватите одиграа на повисоко ниво во вториот дел, не дозволувајќи ни лесно да поентираме. Алиловиќ во вториот дел беше неверојатен, а ние иако сторивме се сепак не успеавме да направиме изненадување’’, изјави селекторот Ивица Обрван по дуелот со хрватска.

Сепак хрватскиот стратег предводник на македонската репрезентација е задоволен од карактерот кој го демонстрираа неговите избраници, особено во ситуација кога губеа со поголема разлика.

„Мило ми е што во ваков меч во кој водевме четири, па губевме пет, ние покажавме карактер, бидејќи најчесто овие мечеви одат во друга крајност и убедлив пораз. Му честитам на противникот кој го одигра својот најдобар натпревар досега на мундијал. Воедно им честитам и на моите играчи за одличниот меч, големото залагање, борбеноста и храброста која ја покажаа во текот на целиот меч. Пред нас е мечот против Австрија кој е многу важен, имаме два дена да се подготвиме, да ги отстраниме грешките што ги направивме и со нова победа да го освоиме посакуваното второ место на табелата’’, заврши Обрван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП