21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот на Примера официјално доби нов голем акционер

Шампионот на Примера официјално доби нов голем акционер

sampion atl. madrid

Кинескиот милијардер Ванг Цијанлин официјално веќе е сопственик на 20 проценти од акциите на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид.

Договорот беше финализиран денеска во Пекинг, а настанот беше проследен од повеќе од 200 новинари од целиот свет.

Ванг Цијанлин е претседател на најголемата компанија за недвижности во Кина „Далиан Ванда Груп“ и особено во изградбата на луксузни хотели, трговски центри и комплекси со апартмани.

Од страна на Атлетико договорот беше потпишан од претседателот на клубот Енрике Серес. Како дел од договорот е изградба на пет фудбалски академии на Атлетико во Кина, како и задолжителни предсезонски турнеи на тимот во големата азиска држава. Првата ќе биде во август 2015-та година.

Неофицијални извори велат дека еден од најбогатите Кинези ќе плати околу 40 милиони евра за акциите на Атлетико. Минатата година беше една од најуспешните во историјата на клубот, откако тимот стана шампион во Примера дивизион, а исто така стигна и до финалето во Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП