19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал купува дефанзивец на Виљареал за 20 милиони евра

Арсенал купува дефанзивец на Виљареал за 20 милиони евра

paulista 53

Арсенал е многу блиску до привлекување на дефанзивецот Габриел Армандо де Абреу од Виљареал, пишуваат медиумите во Шпанија, а пренесуваат на „Островот“.

Според информациите „топџиите“ ќе ја платат клаузулата за одрекување на играчот од 20 милиони евра.

Тренерот на „жолтата подморница“, Марселино Гарсија призна дека се работи на трансферот.

„Тоа е лоша вест од спортска гледна точка“, рече тој.

Стручњакот сепак, додаде дека Виљареал ќе се согласи, ако дефанзивецот и клубот сметаат дека потпишувањето е најдобрата опција.

Најверојатно Габриел, по се изгледа дека би се согласил, ако се гледа само финансиската страна. Според тврдењата бразилскиот фудбалер ќе добива три пати повисока плата во Арсенал.

„Јас сум целосно смирен. Фокусиран сум на Виљареал. Менаџерот работи на тоа да останам мирен“, рече 24-годишниот фудбалер пред три дена.

Дефанзивецот дојде во Виљареал во 2013-та година од Викторија Баија за сума од 3 милиони евра. Оваа сезона Габриел се етаблира како главен играч во составот на шпанскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП