6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ повторнo ги насочија погледите кон „Новиот Кака“

„Кралевите“ повторнo ги насочија погледите кон „Новиот Кака“

LS kruzeiro

Можноста за разделба со Асиер Илараменди го поттикна раководството на Реал Мадрид итно да започне нови преговори со Крузеиро за Лукас Силва, тврди „Марка“.

21-годишниот фудбалер е нарекуван „новиот Кака“ поради сличниот стил на игра со истоимениот сонародник. Во есента бразилскиот клуб отфрли две понуди на Шпанците, поради што Флорентино Перез за идното лето ги одложи новите преговори.

Сегашниот предлог на Атлетик Билбао од околу 25 милиони евра за Илараменди, сепак ги натерало „кралевите“ повторно да го насочат погледот преку океанот, бидејќи може да пронајдат негова замена.

Во договорот на Лукас Силва има откупна клаузула во износ од 15 милиони евра, но цената се чини висока за Реал. Дури сепак ако треба да ја платат, мадриѓани би биле со околу 10 милиони евра профит, ако на крајот добијат 25 милиони евра за Илараменди.

Самиот Лукас Силва неодамна призна дека има голема желба да стане соиграч на Кристијано Роналдо. Интерес кон него сепак покажуваат и лондонските Арсенал и Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП