1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCNN стана спонзор на McLaren

CNN стана спонзор на McLaren

cnn meklaren

Популарниот телевизиски канал „CNN“ потпиша договор за партнерство со тимот од Формула 1 „McLaren Honda“, која ќе почне да тече од оваа сезона.

Договорот ќе биде за неколку години и ќе му овозможи на „CNN“ да го стави логото на предното крило на новиот „McLaren – МР4-30“, кој ќе биде претставен на 29-ти јануари.

„Има интересна симетрија меѓу „McLaren“ и „CNN“ што ветува едно совршено партнерство“, изјави извршниот директор на тимот Рон Денис.

„Исто како „McLaren“, „CNN“ е неверојатно моќна и влијателна глобална мрежа, која со децении е иноватор во технолошки поглед во една бескомпромисна и динамична средина. Мислам дека се разбираме на многу нивоа“, додаде тој.

„Исто така и двете страни имаме длабоко заложена култура на успех во однос на нашите основни вредности – верувањето во моќта на тимската работа и технологијата“, рече Денис.

„CNN“ ќе добие пристап и до неодамнешните откритија т.н. лидерски центар на „McLaren“ во рамките на технолошкиот кампус на тимот во Вокинг. Оттаму „CNN“ ќе произведува телевизиски програми.

Неодамна „CNN“ повторно беше прогласена за број 1 меѓу телевизиските канали за вести и освои бројни награди како „канал на годината“ во последните две години.

„McLaren“, кој нема освоено трка од 2012-та година, се уште нема главен спонзор за новата сезона во Формула 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП